Dejan Maksimoviç
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ЛОНДОН (AA) - Чави Хернандез (36), некогашниот капитен на Барселона, а денес играч на катарскиот Ал Сад, смета дека Џозеф Гвардиола може да го смени менталитетот на англискиот фудбал", јавува Anadolu Agency (AA).
Гвардиола, со кој Чави во Барселона своевремено освои 14 трофеи, ова лето го презеде Манчестер Сити и со него сјајно ја отвори сезоната во англиската Премиер лига, но и Лигата на шампионите.
„Ако постои личност која може да го смени менталитетот на англискиот фудбалер или англискиот фудбал, тоа е Пеп Гвардиола. Тоа е еден од најдобрите на светот. Тој може да направи голема револуција", рече Чави за британските медиуми.
Гвардиола со граѓаните победи во првите десет натпревари, пред да го доживее поразот од Тотенхем во седмото коло од Премиер лигата. Според Чави вече после тие средби видлив е стилот на Гвардиола во играта на Манчестер Сити.
„Ако погледнете како игра Манчестер Сити, тогаш ќе го приметите неговиот стил. Како играч имаше големо влијание на мојата кариера, а и како тренер. Со него во Барселона ја испишавме историјата. Барселона секогаш имала добри тренери, но Гвардиола е револуционер, не само во Барса, туку секаде во светот", истакна Чави.
Извонредниот плеј-мејкер е дете на Барселона, каде ја помина целата кариера до заминувањето во Катар, летото 2015 година. За Барса одигра 767 натпревари и постигна 85 гола. Голем успех имаше и во дресот на Шпанија за која настапи 133 пати и постигна 13 голови.