Ekipa
21 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Големите верски празници се мигови кога ги истакнуваме вредностите на заедништво и почит. Македонија е земја која има вековна традиција на соживот помеѓу различните верски заедници. Почитувајќи ги верските разлики, упатуваме силна порака за градење соживот и меѓусебно разбирање“, порача Иванов, додавајќи дека само така, сплотени и единствени, ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани на Република Македонија.
„Упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир, а на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам благосостојба и бериќет“, истакна претседателот Иванов во пораката.