Ivana Ramadanova
27 Јуни 2016•Ажурирано: 28 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - После паузата од неколку дена, демонстрантите од Шарената револуција и „Протестирам" денеска повторно излегоа да протестираат низ улиците на Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Под слоганот „Вистински државници не се закануваат на граѓаните“ денес во 19 часот повторно се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО)а за да дадат поддршка за неговата работа, а потоа својот протестен марш го продолжија кон Собрание.
Првата мета на демонстрантите беше повторно Министерството за правда кое демонстрантите од Шарената револуција го обоија со црева и два компресори. Од таму поворката се упати кон Законодавниот дом каде што дел од демонстрантите држеа говор.
Во меѓувреме комбето кое што ја предоводи Шарената револуција беше запрено на Булеварот Кочо Рацин, каде возачите на комбето биле легитимирани од страна на полицијата.
По ваквиот инцидент со комбето на Шарената револуција, демонстрантите се упатија кон домот на поранешниот премиер Никола Груевски каде што беа пречекани од кордони од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при што настанаа тензии, но не дојде до судири.
По краткото негодување толпата се упати кон Собранието и каде што заврши денешниот протест на Шарената револуција.
Протестите на Шарената револуција траат околу 80 дена, а ќе продолжат и понатаму, за како што велат, криминалот веќе да не смее да проаѓа пред очите на граѓаните.