Mahmut Geldi
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АДЕН (АА) - Во самоубиствен напад кој се случи во градот Аден, во Јемен, загинаа 43 војници, а десетици се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Повредените се префрлени во блиските болници, а според локалните извори нападот бил извршен пред на куќа во Хур Meксер.
Очевидците изјавија дека бомбаш-самоубиец влегол меѓу војниците, што дошле по исплатата на месечниот надоместок, и ја активирал експлозивната направа.
Властите сè уште немаат дадено изјава во врска нападот.
Во самоубиствен напад на 10 декември во Хур Meксер, на влезот на касарната на специјалните сили, загинаа 30 лица, а беа повредени 40.