Handan Kazancı
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
ЧАНКИРИ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес повторно ја критикуваше одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, за признавање на Кудс за главен град на Израел, нарекувајќи ја погрешна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оние кои донесоа погрешна одлука во врска со Кудс во овој регион очигледно ќе зажалат“, вели Бинали Јилдирим во своето обраќање на конгресот на Партијата за правда и развој (AK Parti) во централната област на Анадолија, Чанкири.
Неговите коментари дојдоа ден откако тој ја повтори својата поддршка за Палестина во пресрет состанокот на муслиманскиот блок во Истанбул оваа недела, по донесената одлука на Трамп за признавање на Кудс за главен град на Израел.
Отфрлајќи го ваквиот потег, на вонредниoт самит на Органзацијата за исламска соработка (OIC) одржан во Истанбул оваа недела, Источен Кудс е прогласен за главен град на Палестина.
Кудс останува во сржта на израелско-палестинскиот конфликт, а Палестинците се надеваат дека Источен Кудс, кој моментално е под окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска земја.