Admir Fazlagic
19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорот Јоханес Хајндл, специјален пратеник на сојузниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, ќе биде во посета на Скопје од 19 до 20 мај 2016 година, соопштија од Германската амбасада во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, Амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Пржинскиот договор како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со Претседателот на државата, Ѓорѓи Иванов, со Претседателот на Собранието, Вељаноски и со други политички партии", се наведува во соопштението од Германската амбасада во Скопје.
Јоханес Хајднл престојуваше во земјава на 12 и 13 мај, при што во рамките на неговата посета разговараше со потписниците на Договорот од Пржино, со цел да се запознае со состојбата во државата.