Fatjon Prronı
18 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турската полиција денес пронајде бомба во автомобил во близина на регионална владина установа во југоисточната провинција Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски извори за АА изјавија дека автомобилот наполнет со 150 килограми експлозив бил пронајден пред основното училиште „Хуриет”, на 50 метри од регионалната владина установа во округот Хани во покраината Дијарбакир.
Во владината установа за денес била планирана меморијална церемонија по повод одбележување на 101 годишнина од Битката на Чанаккале.
Тимот за деактивирање на бомби успешно го деактивирал експлозивот.
Ова се случува на пет денови по самоубиствениот напад со автомобил-бомба во Анкара за кој одговорност зеде терористичката организација ПКК во кој загинаа 35 цивили.
Владина установа се очекува да излезе со официјално соопштение за инцидентот.
Изворите велат дека истрагата е во тек.