Kristina Maslareviç
16 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
БЕЛГРАД (АА) – Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден стигна во Србија нешто по 14 часот, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека домаќинот, премиерот на Србија, Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (АА).
По пречекот на аеродромот, делегациите се упатија во Палатата Србија, каде што на Бајден ќе му биде приреден свечен дочек, по кој делегациите ќе одржат состанок.
Според планот на посетата, по состанокот на двете делегации, планиран е и тет-а-тет состанок на потпретседателот Бајден и премиерот Вучиќ, а потоа е предвидено заедничко обраќање на медиумите. Во рамките на посетата на Белград, Џозеф Бајден ќе се состане и со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
Бајден вечерва би требало да отпатува во Приштина.