Emre Aytekin
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во објавените нови карти на крајбрежјето и тлото на Гренланд, забележано е дека постои од 2 до 4 пати поголема површина од претпоставената на којашто ѝ се заканува опасност од брзо топење, а таа се наоѓа во морските длабочини, јавува Anadolu Agency (AA).
Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА), во соработка со Универзитетот во Калифорнија објави детални релјефни карти од долните делови на фјордовите на Гренланд.
Податоците за ледената прекривка, која ја нарекле „BedMachine“ се добиени со набљудување и снимки од воздух од страна на НАСА, во рамките на проектот „Топење на Гренланд“ (OMG) и проектот „IceBridge“ (Леден мост).
Според новите мапи на секции на глечерите, ледената прекривка што се наоѓа на длабочина поголема од 200 метри под морското ниво и која е изложена на топли јужни стуења, е од 2 до 4 пати поголема од претпоставената.
Истражувачите истакнуваат дека морските води на крајбрежјето на Гренланд, длабоки дури и до 200 метри под нивото на морето, доаѓаат од Северното Ледено Море и се извор на ладна вода, но на длабочина поголема од 200 метри под нивото на морето, има јужни струи чија температура е за 3-4 степени поголема од температурата на површината.
Истражувачите истакнуваат дека поради дејството на топлите води, ледената површина во длабочините се соочува со опасност од топење, и предупредија дека влијанието кое може да дојде од топењето на глечерите од Гренланд е многу поголемо отколку што се претпоставува.
Резултатите од истражувањето се објавени во американското списание на Унијата за геофизика „Geophysical Research Letters” (Геофизички истражувања).