Umar Farooq
26 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (AA) - „Фејсбук" планира да ги поврзе апликациите за испраќање пораки преку мрежите „Инстаграм“, „ВатсАп“ и „Фејсбук Месинџер“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува „Њујорк тајмс“ (The New York Times), компанијата „Фејсбук“ (Facebook) планира да ги интегрира услугите на размени на пораки на апликациите „ВатсАп“ (WhatsApp), „Инстаграм“ (Instagram) и „Месинџер“ (Messenger).
Њујоршкиот весник наведува дека се работи за личен проект на основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, а интеграцијата на апликациите би значека дека корисникот на „Фејсбук“ може да комуницира со некого кој има само профил на „ВатсАп“.
Ова е сѐ уште невозможно да се направи затоа што апликациите немаат заеднички изворен код.
Меѓутоа, од компанијата „Фејсбук“ порачаа дека веќе почнале да работат на спојување на трите елементи, а се очекува дека целиот проект ќе биде завршен до крајот на 2019 или во почетокот на наредната година.
„Сакаме да го направиме најдоброто можно искуство на допишување, а и самите корисници сакаат допишувањето да биде брзо, едноставно, доверливо и приватно. Работиме на создавање поголем број наши производи за разменување пораки кои од почетокот до крајот ќе бидат шифрирани и ги разгледуваме начините да ја олесниме можноста на поврзување со пријатели и роднини на социјалните мрежи“, се наведува во соопштението на „Фејсбук“.