Uğur Aslanhan
10 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - „Хјундаи мотор груп“ (HMG) ја најави својата нова компанија „Супернал ЛЛЦ“ за производство на летечки возила и за продолжување на својата визија за мобилност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од „Хјундаи“, компанијата наречена „Супернал“, која е одраз на стратегијата на групацијата „Урбан ер мобилити“, ја демонстрира и визијата на „Хјундаи“ за мобилност во иднина.
Компанијата „Супернал“, исто така, преку развивање на своето семејство на електрични летала ќе ја обликува и индустријата за мобилност во иднина.
Продолжувајќи да го развива и подобрува своето возило „eВТОЛ“, компанијата својот прв комерцијален лет планира да го реализира во 2028 година и дополнително да го прошири пазарот во 2030-тите.
„Супернал“, исто така, користејќи ја експертизата за масовно производство на „Хјундаи“, ќе ги рационализира своите активности.
Компанијата која е формирана од стратешката транзиција на групацијата од производител на автомобили во „добавувач на интелигентни решенија за мобилност“, ќе се фокусира мобилноста да не биде само производ за продажба, туку и корисна услуга за човештвото.
- Ќе работи на струја, ќе биде со капацитет на 4-5 патници -
Летечкото возило за кое е планирано да превезува 4 или 5 патници во исто време, претежно ќе се користи за градски превоз. Првото летечко возило на „Супернал“ ќе работи на електрична енергија, а исто така ќе биде со автономна карактеристика.
Електричното возило ќе се користи првенствено во јавни и приватни институции во САД.
„Супернал“, кој се очекува да ја прошири својата инфраструктура и транспортна мрежа на меѓународно ниво, на своите активности ќе се фокусира во Велика Британија и Канада и ќе се специјализира за управување со воздушниот простор.