Amina Zorniç
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ВИЕНА (АА) - Младиот Австриец Кристофер Холзл (25) самостојно осмислил како да содаде вештачки снег во својот двор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Користејќи градинарско црево за вода и техничка опрема вредна стотици евра, Холзл го прекрил тревникот во својот двор со вештачки снег.
Како вели Холзл, до оваа идеја дошол откако во текот на декември минатата година немало снежни врнежи во Австрија.
Холзл живее во Колсас, во западната област Тирол, а на уредот почнал да работи пред неколку години додека студирал како машински инженер.
Уредот, односно „снежниот топ“ на кој потрошил 500 работни часа, работи на принципот на пропуштање вода низ компресор и користење средства за прочистување на водата кои работат под голем притисок исфрлајќи снегулки.
Со оглед на тоа што ги сака зимските спортови, Холзл во својот двор направил снежна покривка висока шест метри, каде што направил снежен дворец со клупи и леден бар во кој го поминува времето со своите пријатели.
Момчето вели дека луѓето се воодушевени од снежната структура во дворот, а со моменталните температури снегот би можел да се задржи до крајот на февруари.
Холзл досега изработил 60 снежни топови што рачно ги направил и планира моделот да го продава онлајн, преку својата тукушто основана компанија „snow4home“.
Тој верува дека на светскиот пазар има место за неговиот производ, особено за семејствата што посакуваат со децата да прават снежни дворци во своите дворови, како и за хотелите коишто на своите гости ќе им понудат зимски амбиент.