Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Астрономите од Нов Зеланд открија исклучително ретка планета, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „TechExplorist“, научниците од Универзитетот „Кентербери“ откриле планета опишана како „Супер Земја“, преку техниката „гравитациско микроленсирање“.
Деталите од ова истражување се објавени во списанието „The Astronomical Journal“.
Планетата именувана како „OGLE-2018-BLG-0677“, има поголема маса од Земјата, а помала од Нептун.
Се вели дека масата на ѕвездата „OGLE-2018-BLG-0677“ е помала од масата на Сонцето, и дека една година на оваа планета трае 617 дена.
Оваа планета за прв пат била набљудувана во 2018 година со телескоп во Чиле.
Д-р Ерера Мартин, лидер на истражувачкиот тим, ја опиша оваа планета како исклучително ретко откритие поради тоа што нејзината орбита и големината наликуваат на Земјата.