Dejan Maksimoviç
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
МИНХЕН (АА) - Германскиот произведувач на автомобили БМВ (BMW) повлекува околу 1,6 милиони дизел возила во Европа и Азија за да ја отстрани потенцијалната опасност од избивање на пожар во нивните мотори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од компанијата денес соопштија дека до повлекувањето дошло откако со истрагата на БМВ е откриено дека течноста за ладење на моторот може да истече од единицата за рециркулација на издувните гасови. Дефектот би можел да предизвика искрење во текот на возењето и во екстремни случаи да предизвика пожар.
Со оваа одлука се опфатени и возилата со четирицилиндрични и шестцилиндрични мотори произведени во периодот 2010 и 2017 година, нагласија од БМВ
Од компанијата кажаа дека ќе извршат испитувања и по потреба ќе ги заменат компонентите.