Ayşe Aktaş
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Пред завршувањето на 20-годишната истражувачка мисија, сателитот Касини на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) се приближи на рекордно мало растојание до Сатурн, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сателитот Касини последниот круг околу Сатурн го започна на 10 август и оствари контакт со надворешната атмосфера на таа планета.
Приближувајќи се до облаците во атмосферата на Сатурн, на само 1.600 километри, Касини постигна рекордно приближување до планетата. Целта на тој потфат е да се соберат примероци од атмосферата на Сатурн.
Научниците тврдат дека Касини ќе може да го надмине притисокот што го забавува во обвивката на Сатурн и оти ќе успее да нурне подлабоко во неа.
Паралелно со тоа, сателитот Касини веќе две децении се наоѓа во орбитата и му снемува гориво, па постои можност да се судири со сателитите Титан и Енцелад, кои исто така престојуваат во истражувачка мисија околу Сатурн.
Во продолжение на мисијата, Касини би требало да направи уште четири круга околу Сатурн, а потоа на 15 септември треба да нурне кон Сатурн и со самозапалување да ја заврши мисијата.