Emre Aytekin
16 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Вселенското летало Касини на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) успеа да направи фотографии од осветлената северна хемисфера на Сатурновиот сателит Титан, каде што во моментов е лето, јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на НАСА, објавени се снимките од северната хемисфера на Сатурновиот сателит Титан, на коишто можат јасно да се забележат сјајни облаци од метан во високите зони и темни хидрокарбонски мориња, како контраст на сивата површина на сателитот.
Вселенското летало Касини со снимките направени на 9 јуни 2017, и оние изработени на 24 мај, од раѓањето на еден пролетен ден на овој Сатурнов сателит додека леталото се наоѓаше на растојание од 500.000 километри од Титан, за првпат успеа да изработи фотографии од ова подрачје.
Мисијата Касини е заеднички проект на НАСА со Европската вселенска агенција (ESA) и Италијанската вселенска агенција (ASI), а раководена е од Лабораторијата за млазен погон (ЈPL) на НАСА во Калифорнија. Системот за надгледување на леталото е контролиран од страна на Вселенскиот научен институт во Колорадо.