Emre Aytekin
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Научниците објавија дека во 2016 година, на ниво на целиот свет, на пет континенти и три океани, откриени се 133 нови видови растенија и животни, јавува Anadolu Agency (AA).
Во годинешниот извештај за откривање нови видови од Институтот за наука, одржливост и биодиверзитет при Академијата на науките во Калифорнија, за 2016 година се додадени нови 133 видови растенија и животни.
Меѓу новите видови се откриени 43 видови на мравки, 36 инсекти, 23 риби, 7 морски мекотели, 4 пајаци, 6 вида растенија, пет фосили од морски ежови и еден плоснат морски еж, една мува, една песочна алга, еден корал, една раја, една јагула, една ајкула, еден африкански гуштер, како и еден нов вид на причји вирус.
Во извештајот се наведува дека во активностите за откривање на овие видови, покрај повеќе десетици академски членови, свој придонес дале и голем број меѓународни научници.
За да ги откријат овие нови растителни и животински видови во природната средина, истражувачите спроведоа активности низ целиот свет, на пет контитненти и во три океани; на планините, во пустините, дождовните шуми и во длабочините на океанот.
Меѓу новооткриените видови е светликавата риба „Grammatonotus brianne“ со розовожолта боја. Оваа риба влезе во историјата на човештвото како откритие од најдлабоките води во океанот досега. Истражувачите го регистрираа овој вид на риба снимајќи ја во морето на длабочина од 150 метри.
Научниот директор на Академијата, д-р Шенон Бенет рече дека со досега откриените и класифицирани видови, се претпоставува дека научниот свет има откриено само 10 проценти од вкупниот број на постоечки видови растенија и животни. Тој рече дека секој еден вид е многу важен за зачувување на еколошката рамнотежа на Земјата.
„Сите биолошки видови се поврзани меѓусебно и со природата, така што живеат во богати и комплексни мрежи. И оние организми што не се гледаат со голо око се од витално значење за континуитет на екосистемот.