Rıyaz Khalıq
24 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Кинески научници успешно создадоа генетски модифицирани мајмуни, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Група научници искористија генетски модифицирана макака со нарушувања во циркадискиот ритам, од кој се клонирани неколку генетски модифицирани мајмуни за биомедицински истражувања“, објави кинеската новинска агенција „Синхуа“.
Пет мајмуни се родени на Институтот за невронски мрежи на кинеската Академија за науки во Шангај.
Научниците велат дека нарушувањата на циркадискиот ритам се поврзани со многу човечки болести, вклучувајќи го нарушувањето на сонот, депресијата, дијабетесот, канцерот и невродегенеративните болести, како и Алцхајмеровата болест. Моделите на мајмуни, исто така ќе бидат користени и за тестирање на ефикасноста на лекови.
„Претходно, глувците и мувите беа широко користени за истражување на ваквите болести, но овие животински модели се разликуваат во голема мера од човечките суштества во однос на рутинските активности, структурата на мозокот и метаболизмот“, беа цитирани научниците од страна на новинската агенција „Синхуа“.
Мајмуните, кои во физиологијата се блиску до човекот, претставуваат подобри модели за истражување на патогенезата на болеста и на потенцијалните терапевтски третмани.
Научниците Ќианг Сун во Институтот тврдат дека програмата за истражување била „разгледана и надгледувана“ од страна на Етичкиот комитет на Институтот во согласност со меѓународните етички стандарди за истражување на животните.
„Истражувачкиот тим во иднина ќе се фокусира на клонирање на модели на мајмуни со различни мозочни болести“, рече Муминг По, директорот на Институтот.