Gökhan Ergöçün
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Се проценува дека ширум светот на дневна основа се добиваат околу 1,2 ексабајти (над 1 милијарда гигабајти) податоци, истакна денес Гунгор Кајмак, генералниот менаџер на „Hewlett Packard Enterprise (HPE)“ во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Технолошката активност се отежнува како резултат на обемните податоци“, рече тој во обраќањето на технолошкиот настан „Reimagine 2018“ кој се одржува во Истанбул.
Тој додаде дека контролата над 94 отсто од генерираните податоци се губи без тие да бидат снимени. „Потребна ни е поголема процесорска моќност за да ги искористиме овие податоци“, нагласи Кајмак.
Потенцирајќи ја потребата од процесуирање на податоците, тој истакна доколку компаниите ги собираат податоците поврзани со своите потрошувачи и ги процесуираат за свои потреби ќе бидат успешни.
„Reimagine 2018“ е еднодневен настан кој става акцент на обемните податоци, на блокчејн-технологиите, вештачката интелигенција, „Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT) и технологијата на иднината.