Emel Öz Gözellik
27 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
АНКАРА (АА) – Како резултат на повеќегодишни истражувања, научниците од Зоолошкиот институт во Лондон дојдоа до откритие дека најголемата птица на светот е гигантската птица Воромба (Vorombe titan - што на малгашки и грчки јазик значи „голема птица"), што е изумрен вид на птица висока три метри, тешка околу 800 килограми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Досега за најголема птица се сметаше птицата-слон која живеела на Мадагаскар и била со тежина од околу 400 килограми. Резултатите од новите истражувања покажуваат дека најголемата птица живеела исто така на Мадагаскар. Станува збор за изумрен вид на птици кои тежеле 800 килограми.
Џејмс Хансфорд, од Зоолошкиот институт во Лондон и главен автор на студијата, изјави дека „Воромбе титан“ живеела на Мадагаскар до пред 1.200 години. Оваа голема птица како и останатите птици, се хранела со растенија, овошје, семенки и листови.
Резултатите од истражувањата беа објавени во списанието „Royal Society Open Science".