Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Ефектот од консумирање на еден аспирин во ден за спречување на болестите зависи од телесната тежина на човекот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од истражувањето во кое се испитани податоците на 10 случајни студии, објавени во списанието „Lancet“, покажаа дека дозата на аспиринот и телесната тежина на болното лице значајно влијаат на резултатот.
Според ова истражување, консумирање аспирин од 75 до 100 милиграми на ден за 23 отсто ја намалува веројатноста за кардиоваскуларни болести кај лицата со телесна тежина под 70 килограми, но тоа нема ефект кај лицата со телесна тежина над 70 килограми.
Лицата со телесна тежина над 70 килограми, дневно треба да консумираат од 325 до 500 милиграми аспирин за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.
Ниска доза на аспирин кај лицата со телесна тежина под 70 килограми, и висока доза на аспирин кај лицата со телесна тежина од 70 до 79 килограми, ја намалуваат веројатноста за боледување од рак на дебелото црево, но ова не може да се забележи кај лицата со телесна тежина над 79 килограми.