Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Управата за храна и лекови на САД (FDA) информираше дека одобрила лек кој со една доза спречува повторна појава на маларија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), во САД е дозволена употребата на нов лек кој е развиен против повторувачкиот тип на маларија, болест предизвикана од паразитот плазмодиум вивакс (plasmodium vivax). Новиот лек научниците го окарактеризираа како „извонреден успех“.
Новиот лек со една доза го отстранува и не дозволува повторно активирање на паразитот плазмодиум вивакс, кој во црниот дроб може да биде прикриен со години и повеќепати да напаѓа.
Лекот кој е подготвен против повторливата маларија, главно е потребно да се прима во текот на 14 дена. Експертите истакнуваат дека лекувањето не завршува по само неколку дена, без оглед на тоа што пациентите се чувствуваат подобро.
Ќе се спроведат активности за употреба на лекот и во останатите делови од светот.