Stipe Mayiç
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ЗАГРЕБ (AA) - На Цветниот плоштад организиран е забавно-едукативен настан насловен Хрватска: Земјата на Никола Тесла", за да на граѓаните им се претстават високите достигнувања на е-мобилноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Настанот го организираа компанијата Е.В.А Блу од Загреб, со партнерот Хрватско електростопанство (ХЕП), на кои целта им беше имплементирање на знаење, иновации и нови технологии, посебно на полето на е-мобилноста и обновливите извори на енергија.
Тина Коловрат, директората на Е.В.А Блу од Загреб, порача дека духот на Никола Тесла, чии лик е заштитно лице на настанот, преставува се иновативно и паметно.
„Одлучивме на граѓаните да им го презентираме она што е сега најнапредно, а тоа се електричните возила", рече Коловрат.
Граѓаните и посетителите имаат можност да разгледаат и да ги испробаат различните електрични возила со марка Тесла, електричен велосипед и скутери и други иновативни решенија во е-мобилноста. Изложен е и примерок на електричен полнач, кои се повеќе ги има на хрватските патишта.
Без инфраструктура нема ниту електрични возила. Поради тоа ни е драго што ХЕП ја препозна оваа наша иницијатива и активно работи на поставување на се повеќе полначи на електрични автомобили."
Моментално има околу 150 полначи ширум Хрватска, од што 90 таканарешени спори полначи како што вели Коловрат. Но, ситуацијата е подобра од пред три години, кога Хрватска имаше само три полначи.
Изложени се три модели на е-автомобили Тесла, модел Х и S, американскиот произведувач Тесла Моторс кои за Европа се произведуваат во Холандија.
Посетителите имаа прилика да го видат автомобилот на Тесла, моделот X 90D со кој се управува однадвор, преку мобилна апликација. Автомобилот може сам да вози, да отвора врати и да извршува функции исто како да управува возачот.
Изложените скутери се направени во хрватско-кинеската соработка, со тоа дека во Кина се произведени пластични делови на оклопи, а механиката во Хрватска. Изложените електрични велосипеди се направени во Хрватска по лиценца на Дукати.