Dildar Baykan
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Научниците тврдат дека кокошките всушност имаат јасни карактери и одредени ментални способности, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето објавено на интернет-страницата на „Сајанс дејли“ вели дека најчестите домашни животни во САД, кокошките, поседуваат повеќе психолошки, бихевиористички и чувствени способности.
За време на истражувањето беше забележано дека кокошките прават разлика во квантитетот на новоизведените пилиња, како и дека знаат да ги подредуваат.
Во еден експеримент на петдневни пилиња им биле покажани две групи на предмети со различна количина, кои се губат зад завеса. Забележано дека овие пердувести животни ја следат трагата до пердето зад кое има повеќе предмети. Исто така, забележано е дека кокошките во период од 180 секунди се сеќаваат на патот до претходно сокриена топка.
Научниците истакнуваат дека ваквото однесување под исти услови е забележано и кај мајмуните, додека пак според нив, кокошките можат да се контролираат кога треба да чекаат за награда со некоја подобра храна.
Исто така, откриено е дека комуникацијата на кокошките е многу комплицирана. Според истражувањето, тие користат најмалку 24 различни тонови во комуникацијата, а покрај ова, се забележуваат и различни изрази кај нив.
Едно од највпечатливите откритија во ова истражување е тоа дека кокошките имаат перцепција за временските интервали и дејствуваат според претходно предвидување на тие интервали.
Според истражувањето, исто така се дознава дека кокошките искусуваат и одредени негативни или позитивни чувства и емоции како што се страв, очекување, загриженост, како и дека поседуваат проста форма на емпатија, а кај мајките кокошки се забележани мајчински карактеристики, кои им влијаат на однесувањето на малите пилиња.