Mücahit Oktay
12 Ноември 2021•Ажурирај: 13 Ноември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Капсулата на „Спејс икс“, „Ендуранс“, лансирана во средата од вселенскиот центар на НАСА, „Кенеди“, пристигна на Меѓународната вселенска станица (ISS), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова е петта вселенска мисија на „Спејс икс“ во последните 18 месеци и трета заедничка оперативна мисија на компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск со агенцијата НАСА, поради што е наречена „Кру-3“.
Екипажот, кој се состои од тројца американски и еден германски астронаут на НАСА, 22 часа по лансирањето во орбитата со ракетата „Фалкон 9“ пристигна на Меѓународната вселенска станица.
Најновата мисија би требало да трае до април 2022 година.
Во видеоснимката која ја објави „Спејс икс“ е видлива посадата „Кру-3“, додека се приближува на Меѓународната вселенска станица.
„Завршено спојување. Среќни сме што сме на ИСС“, вели Раја Чари, водичот на тимот.
Бројот на астронаути кои во последните 60 години отпатуваа во вселената, надмина 600, вклучувајќи и четиричлена посада на најновата мисија. Ова е воедно и година со најмногу летови во вселената во период подолг од десет дена.
Планирано е тимот „Кру-3“ за време на шестмесечната мисија да изврши повеќе од 200 научни експерименти.