Hakan Çopur
23 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) соопшти дека веројатноста астероидот 2018VP1 да ја погоди земјата е многу мала и дека се очекува во ноември да помине во близина на планетата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата дадена од НАСА, астероидот се очекува да помине околу Земјата на 2 ноември, ден пред претседателските избори во САД.
Според направените пресметки наведено е дека веројатноста астероидот да ја погоди Земјата е 0.41 процент.
Дијаметарот на астероидот, кој за првпат е откриен од опсерваторијата „Паломар“ во Калифорнија во 2018 година, е околу 2 метри.
Во американските медиуми веста предизвика коментари од видот „уште астероид да не погоди“, со оглед на тоа дека 2020 година ја одбележа епидемијата на коронавирусот и други катастрофи.