Emel Öz Gözellik
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - По новите истражувања, американските научници тврдат дека во моментов, Земјата е натопла во последните 120.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Универзитетот „Стенфорд“, со експертката од Американската агенција за заштита на животната средина, Каролин Снајдер, спроведоа истражување кое се темели на глобалните климатски податоци во текот на последните две милиони години.
Истражувањето е спроведено врз основа на примероци од почвата од различни делови на Земјата, а резултатите од истражувањето ја вклучуваат и проценката од затоплувањето на Земјината површина.
Снајдер вели дека истражувањето покажало дека Земјата убедливо во моментот е најтопла од кога било во минатите 120.000 години, но исто така, предупреди дека температурата на Земјата може да се загрее за дополнителни пет Целзиусови степени.
Детален извештај од истражувањето е објавен во научното списание „Природа“ (Nature).
Научниците веќе неколку децении предупредуваат на проблемите од глобалното затоплување на Земјата, што првенствено е предизвикано од климатските промени од фактори како што се прекумерните емисии на стакленички гасови.