Mehmet Alaca
27 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Американската вселенска агенција (НАСА) прв пат лансираше ракета од комерцијалната база надвор од територијата на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
НАСА утринава лансираше тројна ракета од вселенскиот центар „Арнхем“ во северна Австралија. „Така. „Арнхем“ влезе во историјата како прва ракетна локација на НАСА за лансирање од комерцијална вселенска база надвор од САД“, јави Би-би-си.
НАСА извести дека лансирањето ќе овозможи изведување астрофизички истражувања на Јужната хемисфера. Научниците веруваат дека лансираните ракети ќе им помогнат да го проучат ефектот на светлината на ѕвездите врз условите за живот на блиските планети.
Вселенскиот центар „Арнхем“ познат е и како прво и единствено комерцијално управувано екваторијално место за лансирање.
„Имавме извонреден успех и оставивме голема трага во австралиската вселенска авантура“, рече Мајкл Џонс, извршниот директор на центарот.