Corey Blackman
05 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) – Физичарите вчера објавија дека откритието на новата состојба на материја било теоретизирано пред четири децении, но всушност никогаш не била набљудувана.
Течноста со кватнет спин има необична можност да ги раздвои електроните, а долго се мислело дека тоа се неуништливи честички на атомот од кои се состои универзумот.
Во примената, научниците веруваат дека откритието може да помогне компјутерите да постигнат поголема брзина. Меѓународен тим на истражувачи работеше на откритието раководен од страна на научниците на Националната лабораторија "Oak Ridge" во Тенеси и универзитетот Кембриџ во Велика Британија.
Резултатите беа објавени во списанието "Nature Materials". Теоријата за течноста со квантен спин за прв пат беше поставена во 1973 година и се верувало дека се состоела од одредени магнетски материи изладени до апсолутна нула, околу 273.15 степени Целзиусови (- 460F).
Научниците биле во состојба да ја набљудуваат течноста со квантен спин со внимателно набљудување на кристалите.
“Ова е новa квантна состојба на материјата, за која се предвидувало но никогаш не била видена претходно”, изјави ко-авторот Јоханс Нол. "Ова е нов додаток на кратката листа на веќе познатите квантни состојби на материјата."
Во најголем дел од магнетските супстанци кои се изладени до апсолутна нула, електроните се наредени како прачкасти магнети сите насочени кон магнетскиот северен пол.
Во течноста со квантен спин електорните не се построени туку создаваат супеста смеса каде што можат да се распрснат на парчина наречени Мајорана фермиони.
Мајорана фермионите можат да се користат за создавање на нова генерација на суперкомпјутери кои што ќе можат да извршат неизмерно комплицирани калкулации со кои денешната технологија не е во состојба да се справи.
“Тоа е важен чекор за нашето разбирање на квантната материја”, истакна ко-авторот Дмитри Ковризин. “Интересно е да се има квантна состојба која не сме ја виделе претходно – тоа ни нуди нови можности да испробаме нови работи”, додаде тој.