Amina Zorniç
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ПЕКИНГ (AA) - Праксата на вработување на технолошки напредни роботи како келнери се најде на мета на крити откако сопствениите на неколку кинески ресторани нагласија дека се работи за "глупост" и дека единствено решение е да се "отпуштат" роботите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Првенствената намера на кинеските научници беше роботите-келнери да направат револуција во светот на услужната дејност.
Роботите сепак не се покажаа како добри келнери во неколку кинески ресторани: истураа супи и пијалоци за време на носење на намирници на гостите. Сопствениците на рестораните, од друга страна, тврдат дека станува збор за "лимит на технологијата", бидејќи роборите келнери не можат да одговорат на барањата на гостите, поради што се отпуштени.
Праксата на роботи-келнери се применува во североисточниот кинески град Шенјанг.
Инаку, Кина го надмина Јапан како земја со највеќе индустиски роботи.