Vesna Besiç
02 Април 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
СAO ПАОЛО (АА) - Илјадници граѓани на бразилскиот Сао Паоло излегоа на улиците за да го искажат незадоволство од работата на актуелната власт и да бараат нови општи избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие носеа транспаренти со пораки упатени кон актуелната претседателка Дилма Русеф да си оди од таа позиција.
Многу граѓани на Бразил ја обвинуваат Русеф за падот на економијата и најголемата рецесија во последните 25 години. Тензиите во земјата се интензивираа особено по апсењето на политичкиот ментор и претходникот на претседателката Русеф, Луиза Лула да Силва, под обвинение за перење пари, за што е и таа осомничена.
Русеф, својот втор мандат како претседателка го започна во јануари минатата година. Според некои експерти оставката на претседателката нема да биде можна без доказ за можен криминал или злоупотреба.