Emel Öz Gözellik
10 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Астрономите соопштија дека откриле повторувачки радиосигнали од длабочините на вселената, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави Би-би-си (BBC), астрономите од Универзитетот „Британска Колумбија“ во Канада, детектирале радиосигнали кои доаѓаат од извор што се наоѓа на оддалеченост од 1,5 милијарда светлосни години.
Сигналите се откриени благодарение на радиотелескопот CHIME (канадски експеримент за мапирање на интензитетот на водородот), сместен во долината Оканаган, Канада.
Астрофизичарката Ингрид Стеирс од Универзитетот „Британска Колумбија“ истакна дека е можно во длабочините на вселената да има повеќе вакви бранувања и дека со детектирање на повеќе вакви извори, ќе имаат повеќе информации за тоа од каде доаѓаат овие сигнали и што е причината за нивното генерирање.
Силни радиобранови за првпат се откриени од страна на радиотелескопот „Parkes“ во Австралија во 2007 година.