Emre Aytekin
08 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
АНКАРА (АА) – Сателитот TESS на Американската национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) за откривање на егзопланети (планети надвор од Сончевиот систем) ја откри првата планета надвор од Сончевиот систем, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата објавена на порталот „Space.com“, Истражувачкиот сателит за егзопланети откри нова планета во орбитата на звездата HD 21749 од соѕвездието Reticulum, оддалечена 53 светлосни години од Земјата.
Планетата наречена HD 21749b, која спаѓа во категоријата „Нептун - шест“ е трипати поголема од Земјата. Но бидејќи основната маса е многу погуста од џиновските гас-планети како што се Уран и Нептун, таа е 23 пати потешка од планетата Земја.
Соопштено е дека орбитирањето на оваа планета околу орбитата на ѕвездата според времето на Земјата трае 36 дена.
Од аспект на големината и масата, оваа планета не личи на планетите од Сончевиот систем, поради што астрономите планетата HD 21749b ја нарекоа „монструм“. Просечната температура на површината на планетата е околу 150 степени.
Астрономот Дијана Драгомир од американскиот Технолошки универзитет „Масачусетс“ (МИТ) истакна дека џиновските планети од гас, као што се Нептун и Уран, во голема мера се состојат од водород, и затоа немаат густа маса. „Веројатно оваа планета содржи многу вода и има амосфера која се состои од тешки гасови“, истакна Драгомир.
HD 21749b е осмата егзопланета, чие постоење е потврдено од Истражувачкиот сателит за егзопланети (TESS).
Деталите за откритието се објавени во списанието „The Astrophysical Journal Letters“ од страна на астрономот Дијана Драгомир и другите нејзини колеги.
Сателитот TESS во вселената беше лансиран од страна на НАСА на 18 септември со вселенската ракета „Falcon 9“, произведена од „SpaceX“. Во текот на двегодишната експедиција на TESS, се планира да бидат најдени докази за постоење и на други планети што се наоѓаат во ѕвездените системи недалеку од Сончевиот систем.
Сателитот TESS се обидува да ги идентификува другите планети во позиција наречена „транзиција“. „Транзиција“ претставува моментот кога планетата во својата орбита поминува пред ѕвездата. Научниците во тој момент го следат намалувањето на апсорпцијата на светлоста на ѕвездата која се рефлектира во камерата. Од друга страна, со мерењето на износот на емисија и апсорпција на светлината, научниците можат да ја утврдуваат масата, суштинската маса и амосферската композиција на наведената планета.