Aysu Biçer
26 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) – Времето поминато во умерена и подинамична физичка активност во средовечната доба може да помогне во зајакнувањето на моќта на мозокот, покажува новото истражување објавено во Журналот за епидемиологија и јавно здравје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новата студија покажа дека нивото на интензитет на вежбање може да има влијание врз когнитивните перформанси во подоцнежниот живот.
„Физичката активност е поврзана со градењето когнитивни резерви, што го одложува почетокот на когнитивниот пад во подоцнежниот живот. Сепак, сите аспекти на физичката активност, интензитетот и обемот, се намалуваат во текот на животот, што може да има последици за способноста за спознавање подоцна во животот“, се истакнува во истражувањето.
Студијата покажа дека нивото на интензитетот на вежбање е поврзано со подобра работна меморија и подобри ментални процеси, додека менувањето со само 6-7 минути седење е поврзано со послаби когнитивни перформанси.
Истражувањето се осврна и на Британската кохортна студија од 1970 година на учесници родени во Велика Британија, чие здравје беше испитувано во текот на нивното детство и зрелоста.
Во последователната студија од периодот 2016 - 2018 година, вкупно 8.581 учесник на возраст од 46-47 години направија различни когнитивни тестови за вербална меморија и извршни функции, кои беа користени за испитување на вкрстени асоцијации во однесувањето во текот на 24 часа и на стандардизираните когнитивни резултати.