Göksel Yıldırım
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската одбранбена компанија „Кале“ годинава ќе започне со сериско производство на мотори за домашно развиените турски ракети „Атмаџа“ и СОМ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Фазата на истражување и развој за турбомоторот КТЈ-3200 беше завршена и започна процесот на сериско производство“, изјави потпретседателот на „Кале“, Осман Окјај за АА за време на Меѓународниот саем за одбранбени индустрии (ИДЕФ).
„Производството на мотори е тешко поле, а „Кале“ веќе 10 години прави напори да развие уникатен мотор“, истакна Окјај.
„Компанијата успеа да произведе домашен мотор кој не зависи од странство и со чие користење или продажба нема да доживееме никакви проблеми“, нагласи тој.
Тој нагласи дека компанијата ќе испорача 13 мотори оваа година.
Окјај, исто така, рече дека компанијата ја продолжува работата на уште два мотори.