Merve Yıldızalp
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција сооопшти дека во воздушна операција неутрализирани се 10 терористи на ПКК во регионот Синџар во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството објавено на социјални мрежи се навдува: „Уште еден тежок удар за терористичката организација ПКК. 10 терористи на ПКК откриени во Синџар, на северот на Ирак, се неутрализирани со воздушна операција. Каде и да сè, ние ги уништивме, уништуваме и ќе продолжиме да ги уништуваме дувлата на терористите.“
Терористите на ПКК често се кријат во северниот дел на Ирак за од тоа подрачје да планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.