Ekipa
19 Април 2023•Ажурирај: 24 Април 2023
АНКАРА (АА) – Автономното бродско пловило МИР, развиено во бродоградилиштето СЕФИНЕ во рамките на договорот потпишан меѓу Канцеларијата за одбранбена индустрија при Претседателството на Туркије и компанијата АСЕЛСАН, користено во цели за одбранбено подморничко војување (ДСХ), успешно го изведе првото лансирање на торпедо, јавува Анадолу.
Оваа информација на официјалниот Твитер ја сподели Исмаил Демир, шеф на Канцеларијата за наменска индустрија на Туркије.
„Прв пат во нашата земја е извршено гаѓање на торпедо од брод без екипаж. Поминавме уште еден праг за нови можности за подводно војување со лесни торпеда од МИР ИДА, развиени за противподморничко војување, со домашна торпедо-цевка“, наведе Демир.