„Туркиш ерлајнс“ им додели награди на победниците на меѓуучилишниот натпревар по сликарство во Северна Македонија
- „Најсилната врска што нѐ поврзува не се нашите авиони, туку имагинацијата и уметноста на овие млади“
Dzihat Aliju
21 Мај 2026•Ажурирај: 21 Мај 2026
photo: Umeys Sulejman / AA
СКОПЈЕ
Победниците на меѓуучилишниот конкурс по сликарство со тема „Крилјата на Турција го прегрнуваат светот“, организиран од „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) во Северна Македонија, ги добија наградите, јавува Анадолу.
На свеченоста за доделување на наградите, одржана во канцеларијата на ТХЈ во Скопје, присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Фатих Улусој, директорката на ТХЈ во Скопје, Улкер Шуле Аксој, претставници на турските институции и организации во земјата, членови на жирито на конкурсот, наставници, ученици и нивните семејства.
Амбасадорот Улусој во своето обраќање рече дека ТХЈ е една од најзначајните авиокомпании во светот и дека настанот ја покажува важноста што ТХЈ им ја дава на културата и уметноста.
Фотографија : Umeys Sulejman/AA
Нагласувајќи дека ТХЈ е национален авиопревозник, Улусој рече: „Сѐ додека ги следите вашите соништа, успехот секогаш ќе биде со вас.“
- „Најсилната врска што нѐ поврзува не се нашите авиони, туку имагинацијата и уметноста на овие млади“ -
Директорката на ТХЈ во Скопје, Улкер Шуле Аксој, истакна дека благодарение на овој настан сведочеле колку големи може да бидат соништата на децата.
Аксој, посочувајќи дека како што ТХЈ секојдневно лета кон сите страни на светот, рече: „Ги поврзуваме градовите и земјите. Но денес разбираме дека најсилната врска што нѐ поврзува не се нашите авиони, туку имагинацијата и уметноста на овие млади.“
Фотографија : Umeys Sulejman/AA
Аксој информираше дека на конкурсот, кој оваа година се организира по третпат, имало повеќе од илјада пријави.
- На наградените ученици им беа доделени 10 авионски билети за град по избор во Турција -
Во рамките на настанот, на учениците од различни основни и средни училишта во земјата, кои учествуваа и освоија награди на конкурсот, им беа врачени различни подароци, меѓу кои и 10 авионски билети за град по нивен избор во Турција.
На конкурсот, во категоријата за лица со оштетен вид прво место освои Џан Ислами, во категоријата до 10 години Ана Савова, а во категоријата над 10 години Нела Апостоловска. Наградата на жирито ѝ припадна на Деспина Максимовска.
„Туркиш ерлајнс“ им додели награди на победниците на меѓуучилишниот натпревар по сликарство во Северна Македонија