Dzihat Aliju
21 Мај 2026•Ажурирај: 21 Мај 2026
Во училиштата на турската фондација „Маариф“ (ТМВ) во Северна Македонија се одржа церемонија на дипломирање на осмата генерација, јавува Анадолу.
На церемонијата на дипломирање организирана во училиштeто на ТМВ во Тетово присуствуваа претставникот на ТМВ за Северна Македонија, Осман Демиргул, генералниот директор на Халкбанк Скопје, Фатих Шахбаз, претставници на турски и локални институции и организации, како и ученици и родители.
Демиргул во своето обраќање им се обрати на дипломираните ученици велејќи: „Вие дипломиравте во најдоброто училиште во Тетово, едно од најдобрите училишта во Северна Македонија. Дипломирањето во училиштата 'Маариф' е навистина привилегија и чест што може да се носи цел живот. Затоа ви честитам.“
Директорот на училиштето ТМВ во Тетово, Хикмет Парлар, изрази уверување дека дипломираните ученици ќе постигнат успех на универзитетите благодарение на образованието што го добиле во ова училиште.
Во училиштето ТМВ во Тетово, кое оваа година имаше 72 матуранти, за ученичка на генерацијата беше прогласена Лејла Џелили.
Во рамките на програмата учениците изведоа песни на албански и турски јазик, а во училишниот двор се одржа традиционалната церемонија на фрлање капи.