Cuneyt Davut
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Меѓународниот Балкански универзитет (ИБУ) како домаќин и со поддршка на Турската меѓународна агенција за координација и соработка (ТИКА) денеска беше отворена Меѓународната Конференцијата на општствени науки на тема „Од различност до Синергија", јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченото отворање на конферецијата учествуваа Вицепремиерот на Македонија, Фестим Халили, Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, Министерот без ресор, Фуркан Чако, амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, директорите на TİKA и Културниот институт Јунус Емре, претставници на турски институции и организации во Македонија, политичати, академици, истражувачи и голем број гости.
Ректорот на Меѓународниот Балкански универзитетот, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, во својот говор истакна дека оваа конференција е организирана во рамките на 10-годишнината од основањето на универзитетот.
„Веруваме дека темата на Конференцијата, која е внимателно одбрана, е многу важна нѐ само за Турција и Македонија, туку за целиот свет, која ни укажува како од различноста да се добие синергија, и како со различност да дојдеме до успех“, изјави ректорот Коџајусуфоглу, информирајќи ги гостите за конференцијата и ѝм се заблагодари на сите кои земале учество во организирањето на конференцијата.
На Меѓународната научна конференцијата која денеска беше отворена и ќе трае три дена, учетвуваат 16 универзитети и повеќе од 350 учесници. По завршувањето ќе бидат објавени повеќе од 200 статии од конференцијата.