Dzihat Aliju
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
СКОПЈЕ (AA) – ЏИХАД АЛИУ - Меѓународниот Балкански универзитет кој е основан во 2006 година во Скопје и со слоганот "Создавање на лидерите" нижи успеси и во неговата десет годишнина влегува амбициозно.
Ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет, основан од страна на водечките раководители на Турција, креаторите на јавните мислења, филантропите и со сретнувањето на луѓето на Балканската географија има за цел одново да ја создаде оваа возбуда и дух во Скопје каде што се наоѓаат односите на Турската и Балканската култура, проф. др. Исмаил Коџајусуфоглу во разговор за АА зборуваше околу наведените теми.
Кажувајќи дека универзитетот вкупно поседува седум факултети, 19 додипломски и 6 постдипломски програми и дека јазикот на образованието е англиски, Коџајусуфоглу откри дека поради голем интерес овој универзитет ќе отвори смер за изучување на турски јазик.
„Поради интензивното барање ќе го отвориме смер за изучување на турскиот јазик. Така да ќе превземаме еден важен чекор во име на отстранување на најголемиот недостаток на овој регион", рече ректорот Коџајусуфоглу.
Освен ова, Коџајусуфоглу, зборувајќи за трите нови смера кои ќе се отварат и истакна дека сака преку АА за прв пат да ги објави, рече:
„Од следниот семестар активни ќе бидат департманите Нови медиуми и комуникација, Визуелни уметности и медиуми и Банкарство и финансии" .
Според неговото разбирање и обидот на опишување на Меѓународниот балкански универзитет, Коџајусуфоглу вели дека универзитот има меѓународен профил и дека поголемиот дел од студентите и наставниот кадар се од Балканските земји и Турција.
- Мисијата за основање на универзитетот е врз основа на мислењето на сретнување и духот
Обајснувајќи дека една од уникатните и вредните карактеристики кои Меѓународниот балкански универзитет го прават да се разликува е давањето стипендии, Коџајусуфоглу вели дека мисијата за основање на универзитетот е врз основа на мислењето на сретнувањето и духот.
„Мисијата за основање на универзитетот е врз основа на мислењето на сретнување и духот. Кога е во прашање сретнувањето, никогаш не станува збор за водење сметка, не треба да станува збор за такво нешто и во понатамошното време нема да станува збор за ова. Речиси сите студенти на нашиот универзитет, над 90 отсто се со стипендирани, а 80 отсто од овие се со целосна стипендија", истакна тој.
Коџајусуфоглу најавува дека оваа година 500 студенти од Балканските земји ќе влезат на испитот за стипендирање и дека 150 од нив ќе добијат целосна стипендија, другите 150 студенти 75 отсто стипендија и останатите 200 студенти ќе добијат 50 отсто стипендија.
Тој исто така рече дека вратите на универзитетот се до крај отворени за сирачињата и за младите кои имаат вистинска упорност за образование но ги немаат економските можности.
Коџајусуфоглу се осврна и во однос на прашањето за нострификација, каде тој вели дека Меѓународниот Балкански универзитет е еден од ретките универзитети во регионот кој е во упатството на Центарот за избор и сместување на студенти во Република Турција, како и дека поради овој факт, студентите немаат проблем со нострифицирање на нивната диплома.
Тој исто така додава дека студентите кои се сместуваат преку Центарот за избор и сместување на студенти поседуваат еднакви права со студирање во Турција.
Потсетувајќи дека универзитот кој и во минатите години постигнал важни успеси, во 2012 година според Шангајската листа на рангирање на универзитети бил избран за најдобар приватен универзитет на Македонија, Коџајусуфоглу пренесува дека нив ги чека уште поуспешна иднина.
Коџајусуфоглу вели дека една друга специфична карактеристика на универзитот која него го прави да биде меѓународен е тоа што има соработка со различни универзитети од Турција и додава дека преку програмите за размена Ерасмус и Мевлана тие прават пренос и прием на студенти.
- Универзитетите привлекуваат внимание со нивните меѓународни активности
Коџајусуфоглу изразувајќи дека универзитетите обрнуваат внимание со нивните меѓународни активности, истакна дека организираат активности и од студентски и од академски аспект.
Помеѓу останатото, Коџајусуфоглу во разговорот истакна и дека студентите кои се наоѓаат во рамките на универзитетот организирале меѓународен студентски конгрес, кој што исто така е одржан 2 пати во последните години.
„На Студентскиот конгрес учествуваа 50 лидери од повеќе од 30 држави. Тие на маса ги стават актуелните проблеми на светот и произведуваат решенија и на крај објавуваат извештај" , рече тој.
Коџајусуфоглу информираше дека од 13-15 мај ова година , во организација на универзитетот ќе се одржи Меѓународна конференција за општествени науки на тема "Предизвик: Од разлики во синергија", каде што во конференцијата ќе присуствуваат академици од Турција и светот.
Коџајусуфоглу информира дека следната година ќе преминат во новиот образовен кампус, со што ќе ги крунисаат многубројните успеси во образованито.
Тој исто така додава дека на земјиштето со над 30 илјади метри квадратни има зграда наменета за ректоратот, образовна зграда, објекти во кои ќе можат да се вршат многу социјални активности, а ќе има и женски и машки интернати. Ректорот исто така вели дека со свечена манифестација сакаат да влезат во нивната 10-годишнина во кампусот кој тој го нарекува "образовен комплекс".