Admir Fazlagic
03 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Педагошката служба при Министерството за образнование и наука (МОН) на Република Македонија денес информираше дека се дистрибуирани нарачаните книги за сите основни и средни училишта кои се преведени на турски јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
"За 2015 и 2016 учебна година врз основа на нарачките на учебнците на основните училишта на турски јазик, нарачани се околу 69 наслови, за основно училиште, со тираж од 31.407 книги, кои се дистрибуирани во сите 65 основни училишта во кои наставата се одвива на турски јазик. Исто така за учебната 2015/2016 година за гимазиите и средните стручни улилишта имавме нарачка од гимназиите за околу 11.182 учебници. Сите овие учебници се преведени, уредени и дистрибуирани се каде што треба" , изјави Муедин Кахвеџи, директор на Педагошката служба при Министерството за образование и наука на Република Македонија.
"Вкупната бројка на насловите на книгите за средно и стручно образование изнесува 167, а вкупниот тираж изнесува 42.589 учебници. Сите овие книги се финансирани од програмата за бесплатни учебници од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Само за учебниците по турски јазик беа издвоени средства во висина од 27 милиони денари, односно околу 450 илјади евра, за печатење и дистрибуирање на турските учебници за основно и средно образование", истакна Кахвеџи, зборувајќи за преведените учебници на турски јазик за основно и средно образование.
Меѓу другото, директорот на Педагошката служба при МОН зборуваше за ападтацијата на учебниците за основно образование според Кембриџ прогамата при што рече дека Македонија од 2014-2015 година започна со адаптацијата на учебниците од Кембриџ прогрмата и истакна дека тогаш беа адаптирани учебниците за прво,второ и трето одделение за предметите Математика и Природни науки, 2015-2015 учебна година за четвто,пето и шесто одделение исто по Математика и Природни науки.
"За следната година започнавме процедура за започнување на учебниците за седмо, осмо и девето оделение за предметите Математика, Хемија, Физика и Биологија, ќе бидат нови учебници одобрени од настанвната програма Кембиџ и сите овие учебници ќе бидат преведени и на турски јазик", рече директорот Кахвеџи, кој во оваа прилика информираше и за учебниците кои се преведени на турски јазик за девето одделение и за прва и втора година средно образование.
"Оваа година беа формирани и авторски тимови за турски јазик и литература за девето оделение, за прва година гимназија и за прва и втора година средно стручно образование. Тие се веќе напишани од авторските тимови, поминати се од страна на рецезентските комисии и од Национална комисија за учебници на Република Македонија и во тек е печатењето и дистрибуцијата на овие учебници", додаде Кахвеџи.