Faruk Zorlu
12 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека до сега во операцијата „Извор на мирот" на северот на Сирија неутрализирани се вкупно 459 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува новиот број на неутрализирани терористи и дека турските сили денес успешно продолжија со спроведување на операцијата источно од Еуфрат. Се додава дека во рамките на операцијата од копно и од воздух успешно се погодени бројни цели на терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кажа дека целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката операција ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.