Abdullah Aşıran
12 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
РОТЕРДАМ (АА) - Со започнување на операцијата „Извор на мирот“, која има за цел оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот и е против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија, Асирците ги предупредија меѓународните медиуми да ги потврдат своите извори поради лажните вести објавени на социјалните мрежи од страна на поддржувачите на терористичките организации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Светскиот совет на Асирците (WCA) со седиште во холандскиот град Хенгело, преку социјалните мрежи соопшти дека е лажна веста објавена на 10 октомври од страна на американскиот ТВ-канал „Ен-би-си“ (NBC) чиј извор е новинар кој е поддржувач на терористичките организации, во која се тврди дека мајка и дете, кои се Асирци, го загубиле својот живот како резултат на нападот на Турската војска.
„Во североисточна Сирија оваа недела беа убиени нула Асирци христијани. Соопштението ќе биде наскоро, но ова е до медиумите: Ве замолуваме потврдете ги изворите, барем покажете ги и тие кои не се со ЈПГ, коригирајте го вашиот постоечки напис, не ги насочувајте погрешно вашите читатели и народот, и прекинете со заплашување на народот во своите домови“, се наведува во пораката на Светскиот совет на Асирците (WCA) на социјалните мрежи, под која е додадена и веста на „Ен-би-си“ (NBC).