СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу напиша колумна насловена „Зошто Турција борбата ја пресели во Сирија", која се објави во во весникот „Њујорк тајмс" (The New York Times), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во колумната за Чавушоглу пишува за воената операција „Извор на мирот" која Турските вооружени сили ја започнаа на 9 октомври, која, како што вели Чавушоглу, е нужна за националната безбедност и за овозможување на враќањето на сириските белгаци во нивните домови.
Колумната на турскиот министер за надворешни работи ја пренесуваме во целост.
„Разочарувачки е толкувањето на воената акција на Турција во североисточна Сирија како да е напад врз Курдите, ослабнување на борбата со остатоците на ДЕАШ и штетна за кредибилитетот на Америка пред нејзините сојузници. Потребно е да ги отстранам недоразбирањата бидејќи 67 годишното НАТО сојузништво на Турција со Соединетите Американски Држави (САД) не е привремена, тактичка или отворена за дискусија.
Турција ја започна операцијата со цел да ја обезбеди својата национална безбедност, елиминирајки ја опасноста што терористите ја создадоа во пограничините области. Оваа операција, Сиријците кои живеат таму ќе ги спаси од тиранијата на терористичките организации и ќе ја елиминира заканата против територијалниот интегритет и против политичкото единство на Сирија. Овие две новини, ќе го олеснат безбедното и доброволното враќање назад на Сиријците кои беа принудени на иселување.
Турција никогаш не прифати коридор под контрола на една терористичка организација долж своите граници. Вклучувајки го и Советот за безбедност при Обединетите нации, во многу наврати предложивме создавање на безбедна зона. Упативме повик до САД за прекин на обезбедувањето на финансиска поддршка на терористите.
Меѓутоа безбедносната бирократија на Соединетите Американски Држави (САД), не успеа да ја прекине врската со групата во скратеници позната како ПЈД/ЈПГ. Дури во време кога министерот за одбрана и надлежните на САД, го прифатиле јадрото на Сириските демократски Сили ПЈД/ЈПГ како неразделен дел на ПКК во Турција, која е призната како терористичка организација од страна на САД, Европската унија и НАТО.
Нашите американски соговорници изгледаше дека беа убедени дека овие сили треба да бидат извадени надвор од деловите блиски до нашите граници, дури и се согласивме за датумите. Од неодамна, воените разговори во август, резултираа со взаемни заложби за обезбедување на безбедна зона со што ќе се извади ПЈД/ЈПГ. Меѓутоа Соединетите Американски Држави ова не го сторија, и тоа кај нас остави силен впечаток дека терористичката група се обидува да добие во време за да уште повеќе ја зајакне својата позиција во Сирија.
ПЈД/ЈПГ пред светот може да врши обид за да се претстави како група која војува против ДЕАШ, но исто така факт е дека обезбедува и експлозив на ПКК со копање тунели на турско тло.Нивните приврзаници, ослободените затвореници на ДЕАШ од затвор ги пренасочи кон Турција. „Би-Би-Си" (BBC), во ноември 2017 година, направи вест од тајниот договор на Демократските Сили на Сирија, при коалициската операција за ослободување на градот Рака каде што беше обезбедено бегството на стотици терористи на ДЕАШ.
Требаше да дејствуваме. Некои изразија загриженост за безбедноста на курдското население во Сирија. Би сакал да повторам и да нагласам дека борбата на Турција не е против Курдите. Нашата борба е против терористите. Презентирањето на состојбата како „Турците против Курдите" е злонамерно и погрешно. Курдите не се наши непријатели.
Нашата цел е терористичката структура што ПКК и ПЈД/ЈПГ заедно ја спроведуваат, каде ги вооружуваат децата војници во областите под нивна контрола, ја потиснуваат опозицијата, ја менуваат демографската структура и присилуваат на задолжителна воена служба. Курдите, Арапите, Христијаните и другите кои страдаат под заробеништвото на ПЈД/ ЈПГ, откако ќе бидат ослободени ќе бидат во подобра состојба.Светскиот Совет на Асирци Христијани упорно инсистира на оваа точка.
Пред да започнеме со оваа операција, ги презедовме сите чекори за да се минимизира ризикот кон цивилите и за да се спречи хуманитарна криза. Во текот на изминатите неколку години Турција обезбеди засолнување за голем број бегалци од североисточна Сирија, вклучувајќи Арапи, Курди и Туркмени.
Поголемиот дел од овие над 300 илјади бегалци Курди, се протерани од своите домови. Ние, во Турција, на овие луѓе им понудивме безбедност, засолниште и егзистенција. Го споделивме лебот и им обезбедивме корист од нашите јавни услуги.
Турција е најдарежлива земја во светот кога се работи за хуманитарна помош и земја која ширум светот е домаќин на најголем број на бегалци. Турција, во последните три години, создаде кредибилен модел. Со операциите спроведени од страна на Турција во Северозападниот дел на Сирија, како 2016-7 година во Џераблус и околината и 2018 година во Африн беше исчистена една широка област од терористи. По овие операции, заедниците кои беа жртви на терористите почнаа да живеат во мир и да имаат корист од редовната управа. Во своите домови во северозападна Сирија вратени се 365 илјади бегалци.
Јавните услуги што ги нудиме вклучуваат и училишта за над 230 илјади ученици. Во шест болници со 55 амбулантни возила, во ослободените области во северозападна Сирија, вработени се повеќе од 2.000 сириски и турски персонал. Изградени се многубројни социјални и спортски установи, вклучувајќи и едно фудбалско игралиште. Работните места беа санирани и се отвори граничен премин за олеснување на трговијата. За овозможување материјална поддршка започнато е земјоделство и сточарство.
Претходните операции на Турција споредете ги со уништувањето на коалицијата во Рака, тогаш ќе видите колку внимателно ги водиме операциите против борбата со тероризмот. Научените лекции од овие операции овој пат ќе ни помогнат да направиме уште подобри работи.
ПКК и ПЈД/ЈПГ ја уценува глобалната заедница тврдејќи дека доколку не се они, борбата со ДЕАШ ќе изгуби сила. Меѓутоа, борбата против овие диви терористи нема да изгуби сила особено доколку нашите сојузници издржат до крај и продолжат да соработуваат со Турција. Ние сме единствената нација што излеговме на воено поле против ДЕАШ.
Борбата против ДЕАШ и другите терористички организации ќе продолжи со придонесот и соработката на сите. Некои европски земји малку беа несклони околу давање на дозвола за враќање на своите државјани кои се приклучиле во оваа организација. Сепак, да се посака решавањето на спорот не може да биде политика. И тие треба да го носат нивниот дел од товарот.
Ние како Турција, веруваме дека го подготвуваме теренот за враќање на бегалците од Сирија во своите домови и обезбедуваме средина со што ДЕАШ и другите терористички организации нема одново да се појават.
Свесен сум дека безбедното и доброволното враќање на сириските бегалци мора внимателно да се испланира и внимателно да се управува. Овој процес треба да се одвива во согласност со меѓународното право и во соработка со релевантните агенции при Обединетите нации. Во Сирија има многу етнички структури и додека се реши спорот со сириската криза, потребно е формирање на локални собранија кои се спроведливи и се засноваат на претставници", напиша во колумната министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.