Adham Kako,Eşref Musa,Ömer Koparan
12 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД (AA) - Командантите на Националната војска на Сирија, кои им даваат заштита на животот и имотот на цивилите со кои се состанаа во селата во источниот дел на Еуфрат, исчистени од терористи во рамките на операцијата „Извор на мирот“, истакнаа дека нивната цел е цивилите во регионот да ги спасат од тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е операцијата „Извор на мирот“ која започна од Турските вооружени сили (ТСК) заедно со Националната војска на Сирија, со цел оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот, и е против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија.
Командантите и војниците на Националната војска на Сирија, на цивилите со кои се состанаа во селата исчистени од тероризам во рамки на операцијата, им велат да не се плашат и да го продолжат нивниот живот во безбедност.
На социјалните мрежи беа објавени видеоснимки на командантите на Националната војска на Сирија кои му даваат заштита на животот и имотот на народот во селата ослободени од окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
На снимките се забележува како Јусуф Абуд, еден од командантите на Националната војска на Сирија, се состанува со жителите на селото Тел Јабсе, кое е ослободено од ЈПГ/ПКК, и одблизу се грижи за овие жители.
„Се наоѓаме во руралното подрачје на Тел Абјад. Од една страна се наоѓа мојот брат Азиз, од друга страна мојот брат со ерменско потекло Анто Беу Хачи, и Абдулазиз со арапско потекло. Му се обраќаме на целиот свет. Ние како Национална војска на Сирија не правиме разлика меѓу Ерменци, христијани, Арапи, Туркмени или Курди во Сирија“, истакна Абуд во неговиот говор во врска со состанокот со цивилите.
Абуд рече дека тука дошле за да го ослободат регионот од сепаратистичката терористичка организација ЈПГ/ПКК. „Народот тука е наш аманет. Ќе ги заштитиме нивните животи и името. Нашата цел е да ги заштитиме цивилите“, додаде тој.
- „Животот и имотот на курдскиот народ е наш аманет“
Шади Мишо, еден од курдските команданти на Националната војска на Сирија, истакна дека тука дошле за да го спасат курдскиот народ од терористите на ЈПГ/ПКК.
„Ние сме ваши деца од арапско, туркменско и курдско потекло. Се обраќаме на нашите пријатели кои учествуваат во операцијата „Извор на мирот“. Животот и имотот на курдскиот народ во источниот дел на Еуфрат е ваш аманет“, нагласи Мишо.
- „Тука сте во безбедно пристаниште“
„Седнете тука пред вашата куќа. Дали имате врска со ПКК, не. Останете во вашите места. Ние сме тука за да ве спасиме и ослободиме. Не се плашете, никој не може ништо да ви рече. Тука сте во безбедно пристаниште. Да го исчистиме овој регион“, рече друг командант на Националната војска на Сирија, кој се состана со народот во ослободените места.