Yıldız Nevin Gündoğmuş
12 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, чија цел е придонес во воспоставување на мирот и безбедноста на северот од Сирија, ослободен е северниот сириски град Рас ал-Ајн, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Република Турција наведено е дека со успешните акции во рамките на операцијата „Извор на мирот“, преземена е контролата во населените подрачја на сирискиот град Рас ал-Ајн, кој се наоѓа источно од Еуфрат.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Министерството за одбрана на Турција соопшти денес дека досега во операцијата „Извор на мирот“ на северот на Сирија се неутрализирани вкупно 415 терористи.