АНКАРА (АА) - Во операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, која ја започнаа турските вооружени сили, досега неутрализирани се вкупно 228 терористи, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Уште девет терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ се неутрализирани во воздушна операција во рамките на операцијата„ Извор на мирот“. Досега неутрализирани се вкупно 228 терористи“, соопшти Министерството преку Твитер.
Во новата антитерористичка операција ослободени се 11 цела во подрачјето на Тел Абјад и гратчето Рас ал Ајн.
Селата Ал-Јабисах и Тал Фандар беа првите ослободени села од окупација на терористите во рамките на операцијата „Извор на мирот“, која беше покрената од Турција во средата на подрачјето источно од реката Еуфрат во северна Сирија, со цел за да ги обезбеди своите граници преку елиминирање на терористичките елементи и осигурување безбедно враќање на сириските бегалци и територијалниот интегритет на Сирија.
Подоцна, ослободени се и селата Мушеирифа, Дадат, Бир Ашик и Хамидије во Тал Абјад и Кисто во Рас ал-Ајн.
Селата Кишто западно од Рас ал Ајн, Барзан, Ал Џадеда и Гисас се исто така расчистени од терористите.
Силите на Сириската национална војска (СНВ) преземаат безбедносни мерки во селата лоцирани западно од Тел Абјад.
СНВ влезе на територијата источно од Еуфрат во северна Сирија вчера (четврток) за да даде поддршка на турската операција „Извор на мирот“.
Силите на СНВ, составени од различни опозициски групи кои се борат против сирискиот режим на Башар ал Асад, влегоа во областите окупирани од терористите на ЈПГ/ПКК како дел од новата антитерористичка операција на Турција.
Турција долго апелира дека терористичката организација ПКК и нејзиниот огранок ЈПГ/ПКК претставуваат најголема закана за иднината на Сирија, загрозувајќи го територијалниот интегритет на земјата и нејзината унитарна структура.
Анкара исто така истакна дека поддржувањето на терористите под изговорот за борба против ДЕАШ е неприфатливо.
Турција има 911-километарска граница со Сирија и долго време говори за заканата од терористите кои се наоѓаат источно од реката Еуфрат и од формирањето терористички коридор таму.
Турција планира да пресели 2 милиони сириски бегалци во 30 километри широката планирана безбедносна зона во Сирија која ќе се протега од реката Еуфрат до ирачката граница, вклучувајќи го и Мунбич. Но, присуството на терористичките групи како ПКК, ПЈД и ЈПГ претставуваат опасност за нејзиното формирање.
Анкара ослободи област со површина од 4.000 квадратни километри во Сирија од терористичките организации во две одделни прекуграннички операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.
news_share_descriptionsubscription_contact
