Mohammad Sıo
19 Мај 2026•Ажурирај: 19 Мај 2026
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денес изјави дека бил информиран за меѓународен налог за приведување издаден за него од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС), јавува Анадолу.
„Синоќа бев информиран дека од страна на обвинителот на антисемитскиот суд во Хаг е поднесено барање за меѓународен налог (кој не е јавно достапен) за мое приведување“, изјави Смотрич на прес-конференција, како што пренесува дневниот весник „Једиот Ахронот“.
Смотрич го опиша овој потег како обид преку санкции и налози за приведување да им се наметне политика на самоубиство во однос на безбедноста.
„Нема да прифатиме лицемерни диктати од пристрасни тела што постојано стојат против Државата Израел“, додаде тој, велејќи дека „голем дел од европските земји никогаш не се одликувале со љубов кон Сион. Лицемерието и двојните стандарди станаа заштитен знак на многу земји“.
Дневниот весник „Хаарец“ во неделата, повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, објави дека главниот обвинител на МКС побарал налози за приведување за „непрецизиран број израелскки официјални претставници“.
Налозите би биле насочени кон тројца официјални претставници на израелската армија и двајца политичари, изјави изворот, додавајќи изјави изворот, додавајќи дека сè уште не се знае кога точно било поднесено ова барање.
Смотрич, исто така, рече дека ќе потпише наредба за присилно иселување на палестинското бедуинско село Кан ал-Ахмар на окупираниот Западен Брег откако дознал за барањето за налог.
Сепак, тој напомена дека „потпишувањето наредба за евакуација не е во надлежност на министер за финансии“.
Околу 200 Палестинци живеат во бедуинската заедница во лимени живеалишта и шатори и со години се соочуваат со обиди за раселување поврзани со илегалниот израелски проект за населување познат како „Е1“.
Кан ал-Ахмар е опкружен со нелегални израелски населби и се наоѓа во област што е цел на Израел за имплементација на проектот.
Во планот е предвидена изградба на повеќе од 3.500 илегални станбени единици, со цел да се поврзе населбата Маале Адумим со Источен Ерусалим, изолирајќи го градот од неговата палестинска околина и практично делејќи го окупираниот Западен Брег на два дела.
Проектот се соочува со широко меѓународно противење бидејќи неговата имплементација се смета за поткопување на дводржавното решение и формирањето палестинска држава покрај Израел.