Etem Geylan
10 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Заменик премиерот на Турција Нуман Култулмуш изјави дека турските власти од САД очекуваат да ги слушнат зборовите кои ќе алудираат дека зад обидот за државен удар стои ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик претседателот на Владата на Турција Нуман Куртулмуш во врска со расчистувањето на државните институции од припадниците на ФЕТО го рече следното: „Зборуваме за борба којашто ќе трае со години. Со текот на времето во оваа борба сигурно е дека ќе може да се најдат членови на ФЕТО инфилтрирани од нависоките позиции во државата, па се до најоддалечените места. Тоа може да бидат скриени членови на ФЕТО, или крипто-членови на ФЕТО. Тоа се лица кои имаат многу добра способност да се скријат. Нашиот народ не треба да биде загрижен, сите ќе одговараат.“
Во врска со испораката на Фетулах Ѓулен, заменикот премиерот на Турција, Нуман Куртулмуш во телевизиско интервју го кажа следото:
„Нашите очекувања, како две земји-сојузници, две пријателски земји кои имаат договор за заемна екстрадиција на криминалците се следните: Оние кои ни наштетија, ни ја изгореа душата, оние кои навистина сакаа да го загрозат националниот интегритет во Турција, додека е во тек истрагата за групата која имаше за цел да го уништи демократскиот систем во Турција, ако ништо друго, барем да го запрете лидерот на оваа банда кој од таму покажува активности и на многу лесен начин раководи со луѓето. Јас по ова прашање, според минатото, особено како резиме на патувањето, можам да го кажам следното: Можам да видам дека состојбата во САД се движи во позитивна насока, бидејќи и тие ја чуствуваат големата опасност по Турција.“
„Ние не им зборуваме на американските политичари да се мешаат во американското судство, но во најмала рака очекуваме од нашиот сојузник САД да упати зборови кои ќе алудираат дека зад сето ова стои ФЕТО“, рече Куртулмуш за време на своето гостување на телевизискиот канал CNN Turk.
Тој истакна дека турските официјални лица јасно и дале до знаење на американската администрација колку им значи испораката на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен.
„Тие ја видеа одлучноста и намерата, не само на нашата влада, туку и на народот во врска со ова прашање", рече Куртулмуш.
Врз основа на договорот за меѓусебна испорака на криминалците, тој истакна дека е потребна испорака на Ѓулен, додавајќи дека турските власти до САД ги пратиле сите потребни документи во врска со Ѓулен.
Куртулмуш нагласи дека е важно испораката на Ѓулен да се изврши што е можно побрзо.
„Времето ни е многу битно. Доколку е можно, испорачајте ни го утре наутро“, истакна на крајот од интервјуто заменик премиерот на Турција Нуман Куртулмуш.